Актерот Пит Дејвидсон (29) и актерката Емили Ратајковски (31) се разделија по врската помалку од еден месец, изјави извор за „Page Six“.
Пит наводно бил виден неколку пати со Чејс Сју Вондерс, неговата колешка од „Bodies Bodies Bodies“, а Емили е фотографирана како се бакнува со уметникот Џек Грир. – Нивната врска прерасна во пријателство – рекол изворот.
Инаку, Дејвидсон ја прекина врската со Ким Кардашијан (42) летото оваа година, а пред пет месеци Емили раскина со режисерот Себастијан Бур-МекКлард со кој беше во брак четири години.
Фото:Принтскрин/Профимедиа