Радио Милева

„Пукаат“ облините на Бубе Јаневска: Ваква ретко ја гледате пред камери, а доби и жежок коментар!

„Пукаат“ облините на Бубе Јаневска: Ваква ретко ја гледате пред камери, а доби и жежок коментар!

ТВ презентерката Бубе Јаневска од неодама е заштитно лице за еден бренд на обувки, а нејзините фотографии каде позира и ги рекламира се насекаде на билбордите низ Скопје и пошироко.

Бубе извесен период е ангажирана само во отворената програма на Канал 5, а презентирањето на вестите го остави зад себе.

Па така, сега гледачите имаат можност секојдневно да ја гледаат во целосно визулено издание , наместо до струк како порано.

Нејзин избор постојано се елегантните дамски фустани, а се поретко одлучува да избере панталони во кои ќе ја истакне фигурата. За промена, доновиве пред камери се појави во тесни пантолони од есенска комбинација од која ги истакна своите сексапилни облини, кои секако ги забележаа и нејзините следбеници кои не заобиколија да  ја пофалат и да и остават некој жежок коментар.

Отворената програна на телевизија на едно место ги собра Билјана Дебарлиева, Анастасија Богданоска, и Јелена, а Бубе со својот шарм , професионалност и убавина, секако придонесува за да ги надополни колешките, но и тие неа.

To top