Радио Милева

Првпат отворено и искрено: Деми Мур за дрогата, љубовта, разводите

Првпат отворено и искрено: Деми Мур за дрогата, љубовта, разводите

Познатата холивудска актерка Деми Мур имаше многу турбулентен и интересни живот, помина трнлив пат за да стигне до “ѕвезда”. Таа е позната откако има 17 години и има три бракови зад себе.

Мур (56) одлучи да зборува искрено за нејзиниот бурен живот во книгата “Insite out”.

Според Харпер, главениот уредник, книгата ќе биде таа што ќе ги изненади и ќе ги води читателите.

Книгата ќе излезе во септември, а во неа Деми, според извори, ќе ја опише борбата со зависноста и траумите од детството.

Таа пораснала со татко и  тие често се преселувале низ САД, пред тој да изврши самоубиство додека Деми беше многу млада.

фото:инсатграм

Нејзината мајка пак,  имала полициско досие бидејќи честопати била апсена за возење во пијана состојба и предизвикување пожар.

Сето ова, заедно со здравствените проблеми што ги имала младата Деми, влијаеле на нејзиното бурно минато. Таа заминала од средно училиште, се дрогирала и се омажила млада. Сето ова ќе се најде во книгата која ја  подготвува  холивудската актерка.

Исто така, ќе пишува за нејзините три неуспешни бракови. На 17 години се запознала со музичарот Фреди Мура, со кого напишала три песни и се омажила во 1980 година. Тие беа во брак пет години.

фото:инсатграм

Две години подоцна, се омажила за Брус Вилис, со која помина 13 години во заедницата. Има три деца со него – Румер (30), Скаут (27), Талула (25).

Пет години подоцна, во 2005 година, се омажила за актерот Ештон Качер со кого таа се разведе  седум години подоцна.

Таа додаде дека ова е приказна за опстанок, успех, предавање и борба.

To top