Српската актерка Риалда Кадриќ, сите ја знаат по ликот на Марија од филмските продолженија за серијалот „Жикина династија“. Таа неодамна сподели со јавноста шокантната исповед дека за време на војната што избувна во Југославија во раните деведесетти години, ненадејно починала нејзината мајка.
„Бев во Лондон на усовршување на јазикот. Тој 16-ти јануари 1991 година, кога војната започна, мајка ми ненадејно почина на улиците на Белград. Седев во стан во Лондон, гледав вести, за почетокот на војната, кога ме застекна оваа вест. Аеродромот беше затворен и немав начин да се вратам дома“ – им раскажа на новинарите Риалда.
Но таа открива уште една пикантерија, која беше добро чувана тајна и за неа знаеа само мал број луѓе, а е поврзана со нејзиниот приватен живот, љубовта и улогата во серијалот „Жикина династија“.
Имено, Риалда изјави дека ликот на Марија за прв пат го играла во таа 1977 година кога имала само 13 години.
А првиот бакнеж во животот и бил токму оној со Боба, и тоа пред камерата во овој легендарен филм, односно во неговиот прв дел кој носи наслов „Луде године“, зашто претходно немала ниту момче ниту љубовно искуство, па и не знаела како тоа се прави.