Пејачот Дарко Лазиќ денес (24.06.2020) има убав повод за славење.
Имено, денес е крштевката на неговиот син Алексеј кој го доби со Марина Гагиќ.
Дарко заедно со семејството, Марина, синот и кумовите се појави пред црквата „Свети Петка“ на Калемегдан.
Марина за оваа прилика одбра бела комбинација, а Лазиќ се појави во фармерки, сина кошула и сако.
Поради повредата со ногата, пејачот имал привилегија да влезе со автомобилот до влезот на црквата.
Потсетуваме, Дарко и Марина требаше оваа година да прават свадба,но ја одложија поради короната.