Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон била фотографирана со загрижувачки израз на лицето еден ден по интервјуто на Меган Маркл и Хари.
Имено, Кејт е фотографирана во автомобил во близина на својот дом, фановите коментираат дека изгледа замислена и со загрижувачки израз на лицето.
„Изгледа потполно изгубено“, е коментарот кој начесто може да се прочита под фотографиите.
Во интервјуто за Опра Винфри, Меган откри дека Кејт Мидлтон ја расплакала во една прилика.
Се зборуваше за односот меѓу Меган и Кејт, а Опра ја праша за гласините дека војвотката од Сасекс ја расплакала војвотката од Кембриџ за време на пробите за девојките кои носеле цвеќе на венчавката.
„Беше обратно. Беше тешка недела, а таа се вознемири поради фустанот“ изјави Меган и додаде дека Кејт ја расплакала, но подоцна донела цвеќе и се извинила.
Меган истакна дека ова го кажува не со цел да понижи и навреди некој, туку да се знае вистината.
„Таа е добар човек“, изјави Меган.