Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ на почетокот на март станаа родители на нивниот син Александар.
По пордувањето Пријовиќ се посвети на нејзиниот син, па не се појавуваше во медиумите се до неодамна кога се појави во неколку емисии.
Таа во нив зборуваше за синот, но на социјалните мрежи ниту во медиумите немаше фотографија од Александар.
Папараците успеале да ги фотографираат Александра и Филип со синот како влегуваат во нивната вила на Бежанија.
Како што пишуваат медиумите, Филип го изнел Александар од автомобилот и цело време бил внимателен кон новиот член на семејството, додека Александра носела други работи.
За потсетување, оваа вила Прија и Филип ја купија пред некое време и чини пола милион евра, а се вселија веднаш по породувањето на пејачката.