Радио Милева посебен однос

Првата голема љубов на Здравко Чолиќ: Таа само еднаш зборуваше за него, а тој и го посвети својот голем хит! (фото)

Првата голема љубов на Здравко Чолиќ: Таа само еднаш зборуваше за него, а тој и го посвети својот голем хит! (фото)

Здравко Чолиќ беше и се уште е една од најголемите ѕвезди на поранешна Југославија. Чолиќ повеќе од две децении е во хармоничен брак со сопругата Александра, но по него претходно лудуваа многу познати дами, меѓу кои и една актерка.

Пејачот ретко зборуваше во јавноста за својата поранешна љубов – актерката Јасна Орнели Бери. Двајцата се заљубиле млади во Сараево, а деталите од нивната врска ги открила Јасна.

– Дел од моето срце секогаш ќе биде резервиран за него – изјави Јасна во една емисија.

– Првиот пат по војната се сретнавме во Белград, тоа беше многу трогателна средба која никогаш нема да ја заборавам. Тој е фасцинантна личност и успешно ја одржува својата харизма и денес. Пред се, тој е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Noć mi te duguje“ која самиот ја напиша.

– Не можам да кажам дека се забавувавме или бевме во врска. Тоа е посебен однос кој продолжува и денес. Тоа е сепак љубов која не можеш да ја галиш и да те држи за рака. Здравко секогаш ќе остане сечиј и ничиј – истакна Јасна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JasnaOrnelaBery (@jasnaornelabery)

-Здравко Чолиќ е личност која шири позитивна енергија. Тој е харизматична личност. Го има тоа нешто што успеа да го задржи и после толку години. Пред се, тој е добар човек. Ја видов таа искра во неговото око што не престанува да зрачи уште штом го сретнав – изјави Берија во едно интервју.

Таа глумеше во филмовите „На пат“, „Грбакот“, „Нафака“, како и „Во земјата на крвта и медот“ во режија на Анџелина Џоли.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/jasnaornelabery/Владимир Шпорчиќ

To top