Радио Милева

Прва исповед на мајката на Марија Шерифовиќ по операцијата на тешката болест

Прва исповед на мајката на Марија Шерифовиќ по операцијата на тешката болест

Мајката на Марија Шерифовиќ, Верица Шерифовиќ претходната година на лето се оперирала од рак на дојка, пренесуваат деновиве медиумите.

Во разговор со „Курир“, Шерифовиќ првпат проговори за операцијата и откри дека сега се е во ред.

Таа призна дека Марија многу тешко поднела кога дознала за нејзината болест, дури и било потешко од самата Верица.

„За среќа, откриено е на време. Во тој момент туморот беше мал. Сега сум добро, благодарение на операцијата која ја направи доктор Џодиќ и многу сум му благодарна, редовно одам на контроли“, вели пејачката и додава:

фото: Дамир Дервишагиќ

„За среќа, операцијата беше брзо закажана, па најголемиот стрес бргу помина. Ги советувам сите жени да прават сами преглед на градите бидејќи јас така открив. Тогаш не е ништо страшно“ вели Шерифовиќ и вели:

„Марија беше цело време покрај мене, се трудеше да биде силна. Морам да признам дека мојата болест неа ја погоди повеќе неа отколку мене. Тоа ми кажаа нејзините пријатели, пред мене се правеше многу силна, а и било многу тешко“ вели Шерифовиќ.

фото: Дамир Дервишагиќ

Верица вели дека сега се чувствува добро.

„Навистина сум добро, многу работам, но и се грижам за здравјето“ вели мајката на некогашната евровизиска претставничка..

To top