Радио Милева мама, тато и бато

Прва фотографија од бебето Крстан: Жељко и Богдана Ражнатовиќ излегоа на прошетка во полн состав (фото)

Прва фотографија од бебето Крстан: Жељко и Богдана Ражнатовиќ излегоа на прошетка во полн состав (фото)

Вељко и Богдана Ражнатовиќ станаа родители по вторпат кога пред нешто повеќе од еден месец се роди нивниот син Крстан. Освен мама и тато, на бебето најмногу му се радувал и Жељко кој едвај чекал да добие братче.

На социјалните мрежи се појави првата фотографија од едномесечниот Крстан. Додека безгрижно спиел во количка, Жељко како вистински постар брат го чувал со родителите, што ги воодушевило следбениците на Вељко и Богдана на Инстаграм.

Откако е роден, родителите го кријат неговото лице покривајќи го овој пат со слика на српското знаме.

Да потсетиме, Богдана и Вељко Ражнатовиќ неодамна одлучија дека животот дефинитивно ќе го продолжат во Тител.

‒ Патувам од Тител до Нови Сад на тренинг. Речиси никогаш не застанувам во Белград. Сега сум тука затоа што моето бебе е тука, а во Тител имам фарма, работа и се останато – откри Вељко во серијата „Цеца шоу“.

фото:Инстаграм принтскрин/Богдана Ражнатовиќ

To top