Марко Миљковиќ и Луна Ѓогани вчера (15.05.2021) станаа родители за првпат и ја добија ќерката Миа.
Радосните вести среќни родители ги објавија на социјалните мрежи, а тазе мајката ја објави и првата фотографија со наследничката.
Имено, Марко и се јави на Луна со видео повик, а Луна во тој момент ја држеше ќеркичката на гради.
Луна истакна дека денот кога ја родила својата ќерка е нејзиниот најсреќен ден во животот.
„Денес, во 14 и 42 пристигна најубавото девојче на светот. Ова е мојот најсреќен ден во животот. Плод на нашата љубов. Нека е жива и здрава Миа“, напиша Ѓогани на Инстаграм и се заблагодари на сите за убавите желби и честитки.
Инаку, Луна и Марко се запознаа во реалното шоу „Задруга“, а неодамна официјално стапија во брак. Ова е нивно прво заедничко дете.