Италијанската актерка Моника Белучи на 30 септември го прослави својот 59-ти роденден, а нејзината безвременска убавина докажува дека нејзините години се само бројка.
Атрактивната бринета, која бега од естетската хирургија, со годините воопшто не се променила. Понекогаш ја осветлува косата, ја скратува, но во основа останува иста, па за многумина таа е идеалот за убавина.
Таа уште еднаш потврди дека е меѓу најубавите жени на светот, а насловната страница за кинеското издание на магазинот „Esquire“ поради неа „пука“ од сексипилност.
Нема ништо претерано и евтино, а малку раскопчаната кошула и минималниот поглед на нејзиното деколте е толку секси без многу труд и премногу прикажување. На останатите фотографии за истото издание нема вулгарност, само уметност и сензуалност. Погледот паѓа на нејзините прекрасно извајани нозе, а може да се каже дека овие модни фотографии се одмерени, а сепак интригантни и секси.
View this post on Instagram
Секако, не изостанаа пофалбите и комплиментите во коментарите под објавата на Инстаграм, а многумина ја пофалија нејзината убавина и спремност кога се во прашање фотографиите.
Фото: Принтскрин/Instgaram/monicabellucciofficiel