Михајло Максимовиќ, најголемиот макро во регионот, кој е обвинет за организирање на проституција на сослушувањето се бранел со молчење, а наскоро ќе бидатповикани и некои од девојките кои ги подведувал. Meѓu нив се големи имиња од српска фолк естрада чии провокативни фотографии се содржани во неговиот каталог со ценовник за нивните сексуални услуги.
За време на апсењето на Максимовиќ на аеродромот Никола Тесла во Белград, полицијата заплени лаптопи, списоци со имиња, а идентитетот на клиентите на секој начин се обидува да се сокрие. Сепак протече преписка меѓу макрото и познати лица од светот на музиката, спортот, политиката…
„Полицијата дојде до пораки кои се од јавни личности испраќани на посредникот Максимовиќ. Меѓу нив се и спортисти, пејачи и политичари кои бараат Максимовиќ да им испрати девојка на одредена адреса. Од содржината на пораката може да се заклучи дека тоа не е им е прв пат“ – вели извор од истрагата. Во продолжение ги пренесуваме пораките што Михајло ги разменувал со клиентите:
Порака испратена од еден политичар до Михајло:
– Бато, овој мојов вечерва мора да се релаксира малку од политиката. Испрати ми ја истат од последниот пат. Ја знаеш локацијата.
– Важи, брате мој.
Порака од познатиот пејач:
– Онаа малечкана ку*вичка баш добро се е*е. Ја сакам пак за во сабота. Веднаш штом ќе завршам со тезгата. Околу два нека дојде во клубот. Те бакнувам, брат.
– Се е договорено. Биди спокоен.
Порака од еден политичар испратена до Михајло:
– Стари за мојот пријател испрати ми ја „Б“ утре во хотелот. Времето – исто, собата е иста. Можеби ќе дојде со партнер од партијата. Јас плаќам за двајцата.
– ОК, брате, ќе бидат задоволни.
Порака на познат спортист:
– Другар, слетувам вечерва. Дај ми две добри. Ако имаш нови да ги пробам. Еден другар од клубот доаѓа кај мене, немој да се обрукам.
– Хаха, брате се знаеме… Нема да се покаеш.
– Може ли Ана и Мими да се нацртаат кај мене за три часа? И ако имате екстра, испрати ги. Ќе има некое пошироко друштво и еден партнер. Наш познат фудбалер. Немој да ме обрукаат.
– Да не ти се многу? Се шегувам. за мојот брат, се е договорено.
Клиентите плаќале 300-400 евра за да поминат еден час со елитните проститутки. Клиенти најчесто биле мажи со подлабок џеб чија дискреција била строго загарантирана, пишува српскиот портал Ало.