Пејачот Петар Грашо и Хана Хуљиќ изминатиот викенд (19.02.2022) официјално запловија во брачните води и го кажаа судбоносното „да“.
Венчавката на парот го привлече вниманието на јавноста, па се следеше речиси секој нивен чекор.
Парот се венчаше во кругот на блиските пријатели и семејствата. Многу фоторепортери се најдоа пред црквата за да ги фотографираат младоженците.
По бројни фотографии, се појавија и невидени фотографии од Хана Хуљиќ одблизу.
Фотографиите ги објави стилисот за шминка и фризура, Јосип Лијиќ која бил задолжен за невестата.
На објавите, Хана има нежна шминка која ги нагласи убавите црти на нејзиното лице.
-Апсолутно божанествена, а ти Јосипе имаш златни раце и невиден талент, напишаа пријателите на Јосип.
Инаку, Петар Грашо и Хана Хуљиќ наскоро ќе станат родители по вторпат.
фото: Инстаграм/josiparthair_hairdresser_mua