Памела Андерсон неоидамна откри дека се омажила по четврт пат, а венчавката се случила на Божиќ на имотот кој го купила од нејзините баба и дедо.
Таа сега љубовта ја пронајде во својот телохранител Ден Хејхурст.
На актерката и поранешната Плејбој зајачица ова ѝ е четврти брак. Како што признала таа во Ден се заљубила во текот на карантинот.
View this post on Instagram
Се венчале на Божиќ и изјавиле дека „се заљубени до уши“.
„Таму сум каде што треба да бидам, во прегратките на мажот кој што ме сака“, изјавила Памела за „Daily Mail“.
View this post on Instagram
Памела изјавила дека венчавката била традиционална, но немале многу гости поради пандемијата на коронавирусот.
Таа била облечена во винтиџ венчаница, а романтичните фотографии го преплавија светот.