Радио Милева
караница на улица

Протече видео на кое мајката на Пике се расправа и ја напаѓа Шакира, фаќајки ја за лицето (фото)

Протече видео на кое мајката на Пике се расправа и ја напаѓа Шакира, фаќајки ја за лицето (фото)

На социјалните  мрежи се појави видео кое открива колку биле лоши односите меѓу Шакира и мајката на Пике, Монсерат Бернабеу. Откако се дозна дека Шакира на својот балкон држи кукла-вештерка која покажува кон куќата на поранешната свекрва, многумина ја нападнаа велејќи дека не треба да ја вклучува мајката на Пике во крајот на нејзината љубовна приказна.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи, се гледа како Шакира и Монсерат се расправаат, а во еден момент мајката на Пике ја зграпчува Шакира за лицето додека пејачката ѝ ја турка раката.

Особено е впечатлив моментот во кој Монсерат избезумено гледа во Шакира и покажува со прст кон неа да замолчи.

Наводно, Монсерат во тоа видео ѝ рекла на Шакира: „Мораш да ја држиш устата затворена“, пренесуваат шпанските медиуми.

Додека се одвиваше нивното соочување на улица, Пике само стоеше и гледаше. Видеото од инцидентот кое дури сега заврши на мрежите е снимено порано, но не се знае точниот датум.

Многумина се револтирани од ова видео.

„Не можам да верувам дека Пике само стоеше додека мајка му јаа држеше Шакира за лицето“, „Погледнете го Пике. Не прави ништо. Не знае како да ја заштити Шакира од сопствената мајка. Тоа не е маж“, „Ми се гади. Погледнете го гневот во очите на мајката на Пике“, се дел од коментарите под видеото кое има над два милиони прегледи.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

Останати вести од Радио Милева