Пејачот Жељко Јоксимовиќ повеќе од една деценија е во хармоничен брак со водителката Јована Јоксимовиќ. Двајцата имаат три деца, а пејачот од првиот брак ја има ќерката Мина, која порасна во вистинска убавица и која сега го направила горд својот славен татко.
Имено, Мина талентот за музика го наследила од својот татко, а сега може да се пофали и со диплома од Музичката академија.
– Дипломирав. Дипломиран музичар. Одиме понатаму – порача таа позирајќи со индексот и букет цвеќе во рацете.
По нејзината објава, коментарите само се слеваа.
„Благословени се твоите родителите“, „Честитки“, „Браво убавице“, беа само дел од нив.
Инаку, Мина неодамна во едно интервју изјави дека студиите и се приоритет.
-Имам многу колоквиуми во јануари, ми остануваат уште неколку месеци до завршување на факултетот и тоа сега ми е приоритет. Дома работам на многу песни, но кога би објавила сега една, тоа би ми пречело во учењето. Не брзам, имам 26 години – изјави неодамна таа.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Мина Јоксимовиќ