Тамара Тодевска и нејзиното семејство, изминатите месеци додека траеше и се уште трае пандемијата со коронавирусот ги поминуваа на релација Скопје – Гевгелија.
И самата пејачка истакна дека во нејзиното семејство имало заразен на корона, односно нејзиниот сопруг бил позитивен, па таа и децата биле две недели во изолација.
Меѓутоа, изминатиот викенд, Тодевска имаше убав повод за славeње поради кои ги собра најблиските, како и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ и нејзината другарка, моделот Катарина Ивановска.
Имено, пејачката и сопругот го прославија роденденот на нивниот син Дарен кој наполни две години.
Бидејќи Тодевска е активен корисник на социјалните мрежи, ни овојпат не испушти да фотографира и да се пофали со атмосферата од роденденот. Тука беше и тета Тијана која ги сними среќните и радосии деца.
Дарен за роденден доби торта во форма на количка, а мама Тамара среќна и радосна позираше покрај синчето и ќеркичката.
„Среќен роденден Дарен“, напиша пејачката на една од последните објави на Инстаграм.
Под коментарот се нижеа честитки, меѓу кои и оној на Елена Ристеска: Најсреќен роденден на Дарен. Мачиња златни и на двајцата“.
Среќен роденден Дарен!