Софче Џорлева со својата харизма, позитивна енергија, но и со својот глас успеа да ја освои публиката во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.
Мајката на македонскиот финалист во „Ѕвездите на Гранд“, Огнен Здравкоски го освои жирито и публиката во музичкото шоу, а стигна и до четвртиот круг.
Меѓутоа, деновиве Софче имаше убав повод за славење на приватен односно 30 години во брак со сопругот Миле Здравкоски.
По тој повод, таа објави заеднички фотографии со саканиот, а во описот напиша “златна 30-ка“.
Под фотографиите се нижеа честитки на нивна адреса, а и нивниот син Огнен се приклучи кон честитките.

Инаку, неодамна во едно интервју, Софче истакна дека таа го завела сегашниот сопруг.
„Не ме заведе тој, туку јас него. Четири години е помлад од мене“, изјави Џорлева и ги насмеа сите во студиото.