Радио Милева емотивно

Пронајдено проштално писмо на Џеј: Еве на кој го оставил своето наследство!

Пронајдено проштално писмо на Џеј: Еве на кој го оставил своето наследство!

Легендарниот пејач Џеј Рамаданоски почина на 6 декември, а како што пишуваат сега медиумите пронајдено е негово проштално писмо.

Пријател на пејачот за „Стар“ откри дека Џеј почувствувал дека нешто се случува и најверојатно напишал писмо во кое открива на кој го остава своето наследство, како и што е тоа што го мачело пред крајот на животот.

Како што се наведува, во писмото тој пишува дека своето наследство го остава на ќерката Марија, бидејќи ќерката Ана има сопруг и две деца и е обезбедена на никој начин.

фото: зоран илиќ

Како што се зборува, Марија била миленичка на Џеј и таа со него била до последниот момент.

 

фото: инстаграм

Исто така, наводно пејачот напишал дека би сакал Марија да тргне по неговите стапки, да најде чесно момче кое ќе ја чува, а се што поседува го остава на неа.

„Пишува дека короната многу го мачи, дека му е жал што луѓето умираат и што се затворени. Јас сум сигурен дека целата ситуација во која се наоѓавме го поремети и ја забрза неговата смрт. Тој им се заблагодари на сите луѓе кои беа покрај него. Писмото беше многу емотивно. Не ни прашав кој го пронајде, мислам дека го најдоа во станот каде што живееја со Андријана. Знам дека семејството ќе испочитува она што е напишано“, вели пријател на Џеј.

To top