Промотер

Промовирана „Here I stand“, песната на Васил Гарванлиев што ќе ја претставува Македонија на „Евровизија 2021“ (ВИДЕО)

Промовирана „Here I stand“, песната на Васил Гарванлиев што ќе ја претставува Македонија на „Евровизија 2021“ (ВИДЕО)

 Јавниот сервис МРТВ и македонскиот претставник на годинешната „Евровизија 2021“, Васил Гарванлиев, споделија видео од песната со која ќе настапи во Ротердам, Холандија.

Песната „Here I stand“ е негово авторско дело, а продукцијата и аранжманот се на Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

Песната и видеото беа промовирани во четврток (11-ти март) во „Дневник 1“ на МТВ во 17 часот и 30 минути, каде Васил беше гостин. Од 18 часот песната со видео запис стана достапна онлајн на официјалната YouTube платформа на Eurovision Song Contest.

Песната претходно требаше да биде промовирана пред медиумите, но поради новите мерки кои ги наметна пандемијата, националниот радиодуфезер ја откажа традиционалната промоција на евровизиската песна.

Погледнете и слушнете како звучи и изгледа македонскиот претставник на Евровизија 2021.