Промотер

Трио „Кладенец“ ќе допре до секој Македонец со – „Да си вечна земјо моја“ (ВИДЕО)

Трио „Кладенец“ ќе допре до секој Македонец со – „Да си вечна земјо моја“ (ВИДЕО)

„Да си вечна земјо моја“ – темата со која вокалното трио „Кладенец“ се претстави на годинешниот „Лешочки фолк фест 2018“, доби и свој автентичен видеозапис, а спотот деновиве беше промовиран и пуштен во македонскиот медиумски етер.

Инаку вокалното трио „Кладенец“ е оформено од Сашо Костадиновски, дипломиран етнокореолог на Факултетот за музичка уметност во Штип и Уметнички раководител на  КУД “Кирил Пејчиновиќ” Теарце. Преку вокалното трио „Кладенец“ тој и неговата вокална дружина која покрај него уште ја сочинуваат  Бобан Трпковски и Мирослав Симјановски, негувајќи ги изворните македонски песни, придонесуваат во зачувување на традиционалните вредности на Република Македонија, а изворниот фолклор е секако една од нив.

Музиката и аранжманот на песната се напишани од  Јован Василевски, тексот е на Мирослав Гавровски, а покрај вокалното трио „Кладенец“ во видеото се појавуват како артисти  Иван Божиновски и групата „Сербез“.

Традиционалните инструменти ги свири Горанчо Ангелов, додека како  продуцент се јавува Ѓорѓе Богдановски.

Спотот е снимен на неколку различни, но автентични локации низ Македонија, а како директор на фотографија се јавува  Ненад Велковски, додека видеото го потпишува „Ред централ продукција“.

Како звучи песната и изгледа видеото, за кои, како што велат самите изведувачи:  „…Ќе допре до секој Македонец“ – проследете во продолжение:

To top