Зад името Нешо, всушност се крие велешанецот Ненад Ставровски, рап арстист, вокал и член на велешкиот рап/хип-хоп бенд „Авторизација“.
Групата постои од 2009 година, а до сега има повеќе синглови и видеозаписи и еден албум, нивното првенче „Убитон“.
Музиката и аранжманот се познатиот велешки продуцент Темелко Андреев, кој ги направил и миксот и мастерингот на темата.
Стиховите ги напишал самиот Нешо, кој во своето обраќање до јавноста преку својот Фејсбук профил, по повод неговото соло првенче напишал:
„Со ова прекрасно ремек дело започнав да го презентирам мојот прв соло албум „Балканизам“ кој јавно изјавувам дека ќе испадне во етер во втората половина на месец април 2019. Но тоа не е се , во моментов снимаме видео спот за песната “Ќе биде” заедно со Валери Димовска. Прекрасна песна која верувам ќе ве изненади како што ве изненади оваа, а самоуверен сум дека спотот ќе ве изненади , знаејќи кои ликови гостуваат во него… ама тоа е изненадување! Благодарение на мојот пред се брат и незаменлив продуцент Темелко Андреев кој се грижи звукот да не му фали ни едно влакно !!!! Морам да спомнам за нашиот изгледот во овој видео запис се погрижи Револушн… Една љубов до секој еден …“!
Покрај нешо во вокалната изведба на „балканизам“ му помогнала и навивачката група „Гемиџии“ од Велес, додека снимањето и продукцијата ги потпишува Sidechain Production.
Зад изработката на видеото кое ги визуелизира стиховите на темата одново стојат самиот Нешо и Темелко Андреев, на кои им се придружил и Дарко Спасовски зад камерата, а кадрите се снимени на неколку различни локации во нивниот роден град, Велес.
Како звучи првиот соло обид на Нешо да го истури сиот свој гнев врз нашиот „Балканизам“ и низ стихови реално да го опише нашето гнило секојдневие, проследете во продолжение, додека текстот на темата можете да го најдете под видеото: