Промотер

„Брука“ – администрацијата фаќа „Кривина”(ВИДЕО)

„Брука“ – администрацијата фаќа „Кривина”(ВИДЕО)

Вториот сингл од албумот на бендот Брука – “До преѓе”, издаден минатата година во декември, насловен е “Кривина” и е веќе објавен на Јутуб каналот на Токсикологија мјузик.

”Кривина” или „администарцијо моја мила“ е песна која на хумористичен начин го отсликува македонското битисување во јавната администрација. Музиката и арнажманот е на самиот бенд, додека зад текстот се потпишани и неговите фронтмени, близнаците Дарко и Жарко Масларковски.

Песната доби и видео спот со кој на сликовит начин низ играта долга магарица го претставува двобојот на народот и ситемот (администрацијата).

Исто така се појавувааат и кукларот со марионета и згодните администартивки.

Оваа песна е само најава за првиот самостоен концерт на бендот кој ќе се случи на 28 мај во Младинскиот Културен Центар – МКЦ, а од Брука најавуваат и нови видеа, како и дигитална дистрибуција на нивното прво издание.

Додека чекате да им се остварат идните планови, не фаќајте, туку погледенете ја нивната… „Кривина“:

To top