Деновиве македонските јавни личности мераклиски уживаа во стартот на пролетта. Тие топлото време го искористија баш како што треба, а на социјалната мрежа „Инстаграм“ се пофалија колку се израдувале.
Некои од нив уживаа во расцветаните дрвца во македонската престолнина, а некои дури заминаа и ги посетија познатите летни дестинации како да е лето.
Новинарката и ТВ водителка Анастасија Богданоска на социјалната мрежа го покажа нејзиниот поглед каде ги „уловила“ првите пролетните сончеви зраци.
Пролетта ја освои и ТВ водителката и пилатес иструкторка Снеже Велков, која со велосипедот прошета низ плоштадот на Скопје.
Се разбира таа не остана рамнодушна ниту на мирисот од убавите расцветани дрвца но и од нивниот нежен изглед.
Најшетаната велешанка и некогашната поп пејачка Ноне Неделковска од некоја убава светска дестинација на социјалните мрежи испрати честитка за новата сезона.
„Пролет – Прекрасен потсетник за тоа колку навистина може да биде убава промената – напиша таа.
ТВ водителката Вера Мештеровиќ, а некогашна мисица и модел замина на море со пријателките и од убавата дестинација го поздрави пролетното сонце.
Актуелната водителка со магична фотографија од расцветани дрвца покрај вода напиша: „Пролетни вибрации“ – па со локаторот откри дека ужива на познатата летна дестинација Халхидики како да е лето.
Фото: Принтскрин/Инстагарам