Мегафон

Проекција на концертот на Јосипа Лисац во Кинотека

Проекција на концертот на Јосипа Лисац во Кинотека

Со проекцијата на концертот „Јосипа Лисац from Croatia Records Studio“ – „…ту у мојој души станујеш…“, на 8 јули, во летното кино „Мирно лето“ (20:30 часот), продолжува циклусот Концерти во Кинотека со Croatia Records. Овој музички настан несомнено претставува врвно аудиовизуелно остварување, што се потврдува и со податокот дека освен на CD и BluRay диск, овој концерт беше објавен и на винил.

На концертот во студио, без публика, Јосипа испеа 12 песни – од култната „Богиња“, до легендарната „Магла“, вклучувајќи ги и: „О једној младости“, „Док размишљам о нама“, „Данас сам луда“, Хир, хир, хир“, Гдје Дунав љуби небо“…

И овој концерт големата дива му го посвети на нејзиниот легендарен сопруг Карло Метикош.

Концертот беше реализиран во студиото на „Croatia Records“ во Загреб на 30 октомври 2018, во придружба на музичарите: Тони Старешиниќ (клавијатури), Борна Шерцар (тапани), Давор Чрнигој (бас гитара) и Јосип Грах (труба и хармоника).

Јосипа Лисац е сонувач кој сонува со очи ширум отворени, и е непоправлив идеалист и визионер. Со нејзиниот волшебен глас, таа е рамо до рамо со светските музички великани Едит Пјаф и Фреди Меркјури… пишува во белешката за концертот.

Програмата стартуваше на 1 јули со концертот на Влатко Стефановски, во „Лисински“, а секој следен четврток во овој јули ќе биде прикажан по еден концерт од богатата BLU RAY програма на дискографскиот гигант – концерти кои, според сензибилитетот, одговараат на местото и на времето.

To top