Радио Милева посебен ден

„Продолжи да поместуваш граници и освојуваш врвови“: Дизајнерот Златко Јовановски со повод собра грст честитки (фото)

„Продолжи да поместуваш граници и освојуваш врвови“: Дизајнерот Златко Јовановски со повод собра грст честитки (фото)

За тетовскиот ексцентричен дизајнер Златко Јовановски слушаме се почесто, а неговата актуелност со авангардните креации кои ги создава, постојано расте.

Македонскиот моден дизајнер досега креирал за многу познати и не толку актуелни имиња од светот на шоу бизнисот.

Тој е се поблизу да прерасне во познато име во светот на модата, а самиот себе си се нарекува кралот на светкавото.

Златко сега го слави неговиот 28 – ми роденден , а по тој повод од познатите и пријателите  доби прекрасни честитки.

– Продолжи да поместуваш граници и освојуваш врвови – му посака водителката Снеже Велков.

А, потоа се појави и фографија на Инстаграм профилот од емисијата „Нешто конкретно“ каде со голем стикер пишуваше „Среќен Роденден“.

Македонката пејачка Кристина Димитри му го честиташе неговиот посебен ден облечена во негова креација на Макфест минатата година.

Но, откри и дека го подготвува нејзиниот следен аутфит.

Среќен роденден!

Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

To top