Радио Милева пред да станат богати

Продавале сладолед, весници, работеле во бутик за да заработат за леб: Еве со што се занимавале познатите пред да станат славни

Продавале сладолед, весници, работеле во бутик за да заработат за леб: Еве со што се занимавале познатите пред да станат славни

Многу познати личности не ни сонувале дека ќе живеат во богатство бидејќи некогаш се занимавале со обична работа и не заработувале колку заработуваат денес.

Пејачката Гоца Тржан за курир.рс истакна дека никогаш не чекала да и паднат пари од небо туку во младост почнала да заработува. Таа како тинејџерка продавала сладолед.

-На летниот распуст во 1992 година одлучив да продавам сладолед. Мотивација ми беа многу неисполнети желби и мислев дека е неопходно сама да заработам за некои ситници, изјави Гоца.

Лепа Брена не крие дека на млади години работела како бибиситерка, а во тој период ја чувала Ана Штајдохар.

Таа работела за време на студенстските денови додека студирала туризам во Белград.

Пејачот Слоба Радановиќ публиката го запозна преку учеството во „Пинкови ѕвезди“. Тој во младоста не заработувал од музика туку од друга професија.

-Пред да се занимавам со музика, работев во обезбедување и тогаш работев на Нова година, па ништо не ми е ново, изјави Радановиќ во „Премиера“.

Водителката Сања Маринковиќ со години се занимава со новинарство, а студиите ги завршила во Белград.  Таа дел од својот живот го поминала во Лондон, а во една прилика откри што работела таму.

-Во Лондон работев во пекара и во бутик, продавав фармерки, изјави Маринковиќ.

Актерот Андрија Милошевиќ бил принуден да работи било што за да заработи за леб.

-Година ипол бев во Подгорица во средно музичко училиште. Првата година бев добар, но втората година попуштив. Тогаш го продавав популарниот весник „Подгорички графит“. Тоа го работев со пријателите, дури одевме по станови. Малку заработував, најчесто за бурек, откри Милошевиќ.

Пејачката Индира Радиќ долги години е присутна на естрадното небо, но ретко кој знае со што се занимавала пред да стане популарна. Имено,таа работела како медицинска сестра во Загреб.

Милан Станковиќ по завршувањето на средно медицинско образование работел во Домот на здравје во Обреновац на одделението за дијализа.

фото: принтскрин/инстаграм

To top