Пејачката, водителка и поранешна сопруга на пејачот Дарко Лазиќ, Ана Севиќ е кон крајот на бременоста и ќе роди женско бебе, а со физичкиот изглед секогаш го привлекувала вниманието на медиумите и публиката.
Овој пат на својот Инстаграм профил им покажа на своите фанови како изгледа без трошка шминка.
Ана направи „селфи“ во автомобилот, косата и беше пуштена и без фризура, а лицето во природно издание.
Ана изгледа среќна и задоволна, а позитивните коментари на нејзината сметка само се редеа.