Промотер

„Пробај да ми бидеш“ на „Дупер“ откако останаа два (лирикс видео)

„Пробај да ми бидеш“ на „Дупер“ откако останаа два (лирикс видео)

По успешните синглови на поп-триото „Дупер“, „Не сум твој тип“, „Тело на за ТВ“ и „Ние сме 2“, Борис Какуринов (гитара и клавир) Илчо Нечовски ( вокал и свири бас-гитара) ја промовираат песната насловена „Пробај да ми бидеш“.

Имено, интернет промоцијата на социјалните мрежи и интернет каналот Јутјуб се случи неколку часа откако беше објавено дека повеќе не се тројца, односно останаа двајцата, без Мартина на која и дале отказ.

Музиката аранжманот и текстот на новата песна ја потпишуваат Борис и Илчо, додека снимање, микс и мастер се направени во студио „Подрумот“ кај Ангел Ќосев.

Лирикс видеото пак е изработено од Томи Акимовски.

Инаку, за разлика од претходните песни, „Пробај да ми бидеш“ е нешто посмирена варзија на нивниот сензибилитет кој го задржуваат и во новата музичка тема.

To top