Констракта и нејзината песна „In Corpore Sano“ ја добија наградата за најдобар текст на овогодинешниот Евросонг, а признанието и го доделија самите обожаватели кои ја изгласаа за победничка на официјалната веб-страница на Евровизија.
Текстот за „In Corpore Sano“ го напишала самата Констракт и не им требаше долго време на луѓето да го запаметат.
View this post on Instagram
„После презентацијата за хидратација и култовите, имаше реплики на темата за дел од телото кој никогаш во историјата не бил спомнат на Евровизија. А остатокот од текстот е бизарен, но не и некохерентен. Текстот всушност го следи аргументот што се однесува на невозможните стандарди за убавина и здравствени барања поставени пред јавните личности“, ја коментираа предходно песната на Констракта на „Еуростори“.