Радио Милева

Пристигнаа вести од Србија: Мартинијан Кириловски доби повик од Гранд во вистински момент

Пристигнаа вести од Србија: Мартинијан Кириловски доби повик од Гранд во вистински момент

Во регионалното музичко „Ѕвездите на Гранд“, често имаме прилика да гледаме македонски претставници кои се трудат да остават добар впечаток.

Во претходната сезона, меѓу нив беше и кумановецот Мартинијан Кириловски кој успеа да пристигне до петиот круг и да го напушти шоуто пред самото финале.

Деновиве, Мартинијан доби вести од Србија, односно доби повик од Гранд да учевствува во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ која ќе започне во септември.

Другари, Грандов повик стигна во прав момент!   Се гледаме следната сезона во Ѕвездите на Гранд, која ветува многу. Ја очекувам вашата подршка и оваа сезона!, напиша пејачот на Фејсбук.

фото: Фејсбук

Инаку, Кириловски неодамна сними кавер за песната „Само се ноќас појави“, која може да ја слушнете во продолежние.

Останати вести од Радио Милева