Александра Илиевска најчесто може да ја видиме на Сител телевизија во кулинарското шоу „Брза кујна“ каде што со нејзините колеги Марк и Никола ја води оваа емисија.
Оние кои се љубители на готвењето можеби ја гледаат емисијата и да се инспирираат за да подготват некое јадење. Но, има и од оние кои се критичари на ова кулинарско шоу, па знаат да ја искритикуваат водителката.
Како и да е, покрај професионален живот, Александра е среќна и задоволна и на приватен план.
Водителката прослави две години од својот брак со сопругот Александар Илиевски. На својот Фесјбук профил таа ја смени својата профилна фотографија и објави свадбена, а во описот на фотографијата напиша:
Брак е најприродната состојба на човекот, и … состојба во која ќе најдете солидна среќа.
фото: принтскрин/фејсбук
Честитки пристигнаа од нејзините пријатели на социјалните мрежи.
Имено, Александра и Александар пред две години го кажаа судбоносното „да“, направија свадбена церемонија во еден скопски ресторан, а еве како тогаш изгледаше водителката.
фото:фејсбук