Пејачката Аделина Тахири вчера се оствари во улогата на мајка и на свет го донесе првото свое дете, синот Џон. Веста за приновата таа ја сподели со нејзините следбеници на Инстаграм кои не престанаа да и честитат на пејачката.
Неодамна Аделина организираше „бејби шауер“ забава на отворено за бебенцето каде беа присутни многу гости, меѓу кои и водителките Елена Стефановска и Марјана Станојковска.
За потсетување, Тахири е во брак со познат македонски адвокат, а за нив ова е прво дете.