Популарната пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ станаа родители на нивното прво дете, поточно син.
Александра Пријовиќ се породила утринава во 9 часот пренесуваат српските медиуми. Пејачката се породила со царски рез, а бебето било тешко 2.800 грама.
Наследникот на Александра и Филип ќе се вика Александар.
Мајката и бебето се чувствуваат одлично. Иако, Александра прво размислуваше да се породи во Америка, пејачката тоа го стори во една приватна болница во Белград.
Таа одлучила да се породи во Белград пред се’, бидејќи ќе има многу помош – дури од три баби!
На тазе мајката ќе и помогнат нејзината мајка, Филип, мајката на Филип, како и Лепа Брена.
На некогашниот најпознат тенисер, Боба Живојиновиќ ова му е прво внуче.
За потсетување, Филип и Александра во јуни претходната година запловија во брачните води, а сега го добија своето прво дете.