Македонската пејачка додека беше во блажена состојба, не запираше со своите активности и музички ангажмани.
Бендот ги изненади почитувачите на убавата песна, промовирајќи проект кој содржи преработки на македонски евергрини и неколку познати странски хитови.
И во шестиот месец од бременоста, пејачката Лидија Паскова од Неготино и момците на „Ориентал бенд“ имаа телевизиски гостувања со цел претставување на музички новитети.
Нејзината бременост не ја спречи пејачката да твори на професионален план, а деновиве славеше и на приватен план.
Лидија се оствари во својата најзначејна улога, односно стана мајка на своето прво дете. Лидија на свет донесе момче, а својата среќа ја сподели со пријателите на Фејсбук.
„Нашата долго очекувана радост конечно пристигна. Станавме родители на едно прекрасно момче. Ти благодарам Господе на преубавиот благослов. Од душа и срце во секој дом посакувам ваква среќа…која не се опишува со зборови, напиша Лидија на социјалните мрежи.
фото: Фејсбук