Пипа Мидлтон, сестртаа на Кејт Мидлтон се породи и на свет донесе син.
Пипа Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејм Метјуз станаа родители на момче, чие име се уште не е објавено.
Пипа се породи во истата болница каде што нејзината сестра Кејт ги роди трите деца.
Момчето е тешко 3.628 грама, а извор близок тврди дека се чувстуваат добро.
Портпаролот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, изјави дека двајцата се возбудени поради Пипа и нејзиниот сопруг.
Пипа Мидлтон се омажи за менаџерот на хеџ фонд Џејмс Метјуз во 2017 година.
Ова е уште една убава вест од Велика Британија, откако пред два дена стана јасно дека принцот Хари и неговата сопруга Меган исто така ќе станат родители следната година на пролет.