Принцот Вилијам за време на официјалната посета на Ирска се пошегува на сметка на коронавирусот.
Вилијам во Даблин се дружеше со медицинскиот персонал, а во еден момент се пошегува со еден од нив.
„Веројатно сите доаѓаат и ви велат: „имам корона, умирам“, а вие им велите: „не, само сте настинати“.
„Мислите ли дека сите малку драматизираат околу корона? Мислите ли дека медиумите ја преувеличуваат работата?“, праша принцот, па се пошегува на сопствена сметка: „Војводата и војвотката од Кембриџ шират вирус. Сори. Внимаваме на тоа, па ќе ни кажете ако треба да престанеме“ вели принцот.
И покрај коронавирусот, Кејт и Вилијам и понатаму ги извршуваат своите обврски.