Принцот Вилијам присуствуваше на свадбата во Глостершир на пријателката од детството Роуз Фаркухар, за која се верува дека е неговата прва девојка. Роуз Фаркухар се омажи за својот партнер Џорџ Гемел во Св. Марија Богородица во Тетбери, Глостершир, а на настанот присуствуваа и Наташа Руфус Ајзакс и нејзиниот сопруг Руперт Финч, поранешното момче на Кејт Мидлтон.
– Тоа беше магична зимска венчавка на снег. Невестата и младоженецот прошетале низ тунел формиран од гости со прскалки во воздухот, пред да заминат со нивниот винтиџ Ленд Ровер – откри инсајдер за „People “.
Врската помеѓу Вилијам и Роуз, која е негова пријателка од детството, е опишана како „невина и нежна романса“, а таа важи за првата сериозна девојка на принцот. Фаркухар беше гостин и на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година.
Фото: Принтскрин/Профимедиа