Радио Милева
семејство наместо институција

Принцот Хари посакува татко му и брат му да му се вратат: „Сакаа да бидеме негативци“ (фото)

Принцот Хари посакува татко му и брат му да му се вратат: „Сакаа да бидеме негативци“ (фото)

Принцот Хари во новото интервју  изјави дека „сака семејство, а не институција“ и дека „работите не мора да се случуваат на овој начин“.

Во интервју за ITV,  два дена пред објавувањето на неговите долгоочекувани мемоари, принцот Хари вели дека сака татко му и брат му да се вратат, објави „Гардијан“.

– Би сакал татко ми да се врати. Би сакал мојот брат да се врати – изјави војводата од Сасекс.

Тој исто така тврди дека „тие (палатата) мислат дека е подобро да не чуваат како негативци“ и дека не покажале ни трошка волја да се помират.

Интервјуто е снимено во Калифорнија, каде Хари и Меган живеат со нивните две деца, а како што се наведува во соопштението, ќе открие многу детали за животот внатре и надвор од кралското семејство.

Фото:Принтскрин/Профимедиа

Останати вести од Радио Милева