Ќерката на контраверзниот принц Ендру и внуката на кралицата Елизабета, Беатрис го кажа судбоносното „да“ на Италијанецот Едуардо Мапели Моци.
Свадбената церемонија се случила во малата капела во Виндзор, а на истата присуствувале само најблиските членови на семејството.
Во медиумите се појавија само фотографии од среќниот пар во друштво на кралицата Елизабета и принцот Филип, а наводно принцот Ендру ја одвел Беатрис до олтарот.
Како што пишуваат британските медиуми, Беатрис наместо скапа венчаница, за оваа прилика се одлучила за фустан кој нејзината баба, кралицата Елизабета го носела во 1962 година на премиера на филмот „Лоренс од Арабија“.
Станува збор за модел со потпис на Норман Хартнел. Овој фустан кралицата го облече и во 1966 година кога се обраќаше на Парламентот.
Принцезата Беатрис малку го измени моделот на фустанот, односно додадени се транспарентни ракави. Беатрис од кралицата ја позајми и дијаманстаката тијара која што и самата ја носела на нејзината венчавка во 1947 година.
View this post on Instagram