Радио Милева
голема непријатност

„Примам терапија“: Водителката на „Елита“ Ана Радуловиќ се појави пред камерите во поинакво издание –  многумина се запрашаа што се случило со нејзиното лице (фото) 

„Примам терапија“: Водителката на „Елита“ Ана Радуловиќ се појави пред камерите во поинакво издание –  многумина се запрашаа што се случило со нејзиното лице (фото) 

Водителката на „Елита“ Ана Радуловиќ  откри дека имала голема непријатност.

– Имам здравствени проблеми. Не сакав да зборувам за тоа. Ја измив косата со ладна вода и добив фацијалис- истакнала Ана.

– За жал, тоа трае веќе четири недели. Левата страна на лицето ми падна и окото ми се затвора. Гледам дека луѓето се загрижени за моето здравје. Сакам да кажам дека се ќе биде во ред, примам одредена терапија и инјекции, за што поскоро да се вратам во нормала – изјавила водителката за „Блиц.рс“.

Водителката Ана Радуловиќ, инаку, долги години ужива во бракот со пејачот Мирче Радуловиќ, со кој го има синот Константин. Таа пред неколку недели на мрежите покажа како лее солзи поради кучето кое го пронашла и му го вратила на сопственикот па кажала:

– Ако сум отечена во емисијата вечерва, да знаете дека тоа е затоа што плачев од среќа.

Фото: Printskrin/Instagram/ana.radulovic/Tv Pink video

Останати вести од Радио Милева