Лице в Лице

Приказните за Александра Накова кои сите можат да ги дознаат: Гевгелиската убавица отвора бутик и ја носи Станија во Македонија! (ФОТО)

Приказните за Александра Накова кои сите можат да ги дознаат: Гевгелиската убавица отвора бутик и ја носи Станија во Македонија! (ФОТО)

Социјалните мрежи се чудна алатка. Овозможуваат многу нешта, па дури и самиот да си направиш интервју со своите обожаватели, фанови, следбеници… Не случајно многумина се’ повеќе и ги нарекуваат социјални медиуми, иако во суштина тоа не се, но сепак… имаат многу допирни точки. Предностите на Инстаграм ги користат речиси сите. Особено јавните, славните, популарните личности, низ целиот свет, секако и кај нас. Фотографиите се она за што оваа апликација е создадена, но понекогаш знае да биде и корисна алатка за нешто, што сака да опише, обзнани, дознае, каже, појасни… Оној што е на фотографијата или мислењата на другите за него во вид на коментари и прашања.

Некогашна македонска манекенка, топ модел, ријалити учесничка, трендсетерка, за некои и најпозната македонска старлета (како што ги нарекуваат оние лица што и се познати на јавноста, а во моментот немаат јавна професија), Александра Накова ги искористи предностите на оваа социјална фото апликација, за да им даде можност на оние што сакаат да дознаат нешто повеќе за неа, тоа да го сторат директно… Или индиректно, лице в лице, ама преку фотографија и текстуално прашање.

Така, атрактивната гевгеличанка ги отвори ширум нејзините Инстаграм приказни за своите следбеници, кои се потрудија приказните да не останат празни, а таа (веројатно) да ги селектира само оние нивни прашања и нејзини одговори кои на сексапилната убавица и одговараат. Впрочем, авторизацијата не е непознато нешто и при интервјуата во медиумите, ама вака „цензурата од прва рака“ е уште подостапна, па „приказните“ за наводната зараза со коронавирусот, бегството од карантинот, апсењето на базенот, негативниот Ковид 19 тест… на „Инстаграм приказните“ овој пат изостанаа.

Сепак, она што тие сакаа, а Бога ми Накова, да се дознае за неа или да се освежи сеќавањето на оние што тоа веќе го знаат, расната гевгеличанка дозволи јавно да биде прашана и јавно да одговори, па го обзнани на својот Инстаграм профил. Еве ги „приказните“  кои сите можат да го дознаат за Александра Накова.

-Александра јавно откри дека наскоро отвора бутик…

-Се работи на уредување на екстериерот и тој ќе биде лоциран во нејзината родна Гевгелија.

-Накова неколку пати веќе спомнала, но уште еднаш потврди дека нема сестра… Или всушност има, само се од „различна мајка“ и  живее во Скопје. И таа е исто колку и неа позната, а можеби и повеќе, но она што е сигурно дека стана популарна далеку пред Накова и се вика… Мелита Ракичевиќ.

-Оддамна е познато дека гевгелиската убавица е „тетовирана душа“. Најголемата и највпечатлива тетоважа и е онаа на левиот колк во вид на огромна роза,  а најсодржајна е тетоважата со натписот испишан на нејзината десна плешка: „Луѓето секогаш и онака ќе зборуваат… Па, тогаш приушти им нешто за што ќе зборуваат“. Само скокотлива порака или можеби нејзино животно мото? –  нешто за што Вистина.ком.мк уште оддамна пишуваше.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/site-tetovazi-na-aleksandra-nakova-praviloto-na-zivotot-istetovirano-na-desnoto-rame/

Но, сега Накова откри дека има уште неколку нови, или вкупно 8 тетоважи на себе.

-Но, не се само тетоважите заштитен знак на расната гевгеличанка. Она што прво паѓа в очи е нејзиниот телесен раскош, кој најмногу се огледа во полните сочни усни, истакнатите јаболчници, бујната предница и голема, обла задница… Мајката природа го дала своето, а естетската хирургија го довела до совршенство… Да, Накова има силикони на себе!

-Тенка висока, со тело – вретено, но кога ќе се качи на високо потпетици, изгледа уште повисоко… За повеќето – недофатна! А, често знае да се качи… Особено навечер. Најмногу била качена на 14 сантиметри, како што самата вели! Тие се највисоките на кои застанала!

-За Накова шетањето по различни места и градови е вообичаеана работа. Веројатно заради темпераментот и здодевноста која бргу ја навјасува, па затоа често родната Гевгелија на некој ден знае да ја замени, да речеме со македонскиот бисер Охрид,  како што неодамна тоа го стори. Градот во кој ветува дека барем уште еднаш, ако не и повеќе пати одново ќе дојде летово.

-Но, кога се градовите надвор од Македонија, или поточно, оние во соседството во прашање, покрај журките по Белград, Нови Сад за неа е преубав град.

-Можеби токму заради тоа што таму живее нејзината  „втора сестра“ од соседството, најпознатата српска старлета Станија Добројевиќ, со која Александра Накова е „прва другарка“. Впрочем, тоа го покажа со нивната ноќна дружба при неодамнашната посета на соседна Србија, а сега истото го потврди со нејзиното ветување дека наскоро Станија ќе ја донесе и во Македонија… Поточно, во Гевгелија!

-Ако се случи, тоа веројатно ќе се случи уште летово, зашто од септември, Станија влегува во новата сезона на реалното шоу „Задруга 4“, па не ќе може и да сака да и дојде на гости во Македонија на Накова. Зато пак, можеби Александра ќе ја дружи српската старлета во „Задруга 4“? Или можеби сепак – не! Еве што вели за крај Александра Накова дали би влегла во ова регионално, реално шоу?

 

To top