Александра Живојиновиќ беше гостинка во „Ами Џи“ шоу. Во еден момент водителот Огњен амиџиќ ја праша дали се точни пишувањата по одредени портали дека Филип ја изневерил?
Пријовиќ рече дека колку таа знае – НЕ…
„Не го контролирам, иако спиеме во иста спална на брачен кревет, па единствено ако излегол додека сум спиела, секоја чест…“ – низ смеење прокоментира новопечената снаа и мајка. На тоа Амиџиќ му подели „сочен комплимент“ на младоженецот, нарекувајќи го „папучар“ додавајќи, дека тоа во овој случај е за пофалба!
„Јас знам за кого се омажив и сто пати реков, еве и ќе повторам дека за мене Филип е најдобриот маж на светот“ – заклучи Пријовиќ!