Александра Пријовиќ- Живојиновиќ едвај го дочека концерот на Лепа Брена по повод 58 годишниот роденден, но и 35 години кариера.
Пред влезот во Арената секако ја пречекаа медиумите, а таа изјави дека сигурно ќе заплаче кога ќе ја види на сцената, бидејќи сега е дополнително емотивна поради блажената состојба.
Бидејќи блаканската ѕвезда славеше и роденден, Прија и честиташе јавно со овие зборови:
-Секогаш да биде така среќна и насмеана како денес, да и се остварат сите желби и да „растури“ вечерва, и посака Александра.
Инаку за поводот, Пријовиќ избра да облече црн фустан кој суптилно ја нагласува линијата.