Радио Милева

Пријовиќ заплака на емисија во живо: Исплива вистината за нејзиниот брак со Филип Живојиновиќ (видео)

Пријовиќ заплака на емисија во живо: Исплива вистината за нејзиниот брак со Филип Живојиновиќ (видео)

Популарната пејачка Александра Живојиновиќ -Пријовиќ постојано го привлекува вниманието на јавноста.

Александра деновиве беше гостинка на телевизија „ТВ Курир“, а во емисијата дојде до целосно рзоткривање на нејзиниот однос со сопругот Филип Живојиновиќ.

На социјалните мрежи може да се види дека тие двајца живеат во хармоничен брак веќе две години, а сега Филип направи нешто што целосно ја „стопи“ Александра и ја натера да заплаче.

фото:принтскрин/јутјуб/кутиртв

Домаќините на шоуто за пејачката подготвија вистинско изненадување, па објавија снимки од нивната свадба, проследено со интервју со Филип.

Тој зборуваше за нивниот брак, како и за неговата сопруга, и сè што можеше да се слушне беа пофални зборови.

– Александра е прекрасна жена, прекрасна сопруга, пријател, мајка … Таа е најсреќна кога е со нашиот син и јас сум пресреќна поради тоа – рече Филип и откри дека сака да го прошири семејството, и дека би сакал следниот пат да биде девојче.

Неговите зборови ја допреа Александра, која реагираше многу емотивно, и плачеше во емисијата во живо, што малку ги шокираше,но и воодушеви сите!

To top