Актерката Џенифер Анистон (50) е окупирана со снимањето на новата серија, во која има главна улога и е извршен продуцент , а според странските медиуми таа целосно ја запоставила нејзината здравствена состојба.
Според извор близок на актерката, таа нема време за одмор, тренинг, а особено загрижувачки е што не јаде речиси ништо.
-Џенифер е под голем стрес! Таа е многу нервозна, делува измачено и преморено. Сите се загрижени за нејзиното здравје – рече изворот и додаде дека Џен ги запоставила и нејзините пријатели и приватниот живот.
Имено, таа дополнително останува на сет и води сметка сметка за сè, што наводно повеќе не може да поднесе.
– Таа секогаш јаде нешто „од нозе“, само да ја џвака храната за да не се онесвести. Никој не ја видел ваква, уште од времето на „Пријатели“ “, рече загрижениот извор.