Александра Пријовиќ, која по три преполни арени во Белград, го полуде регионот, направи хаос во Сараево и се подготвува за дури пет арени во Загреб, е фотографирана со сопругот Филип Живојиновиќ во еден белградски ресторан додека разменувале нежности.
Младата пејачка често истакнува дека за нејзиниот успех покрај себе, заслужен е и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ, кој и е неизмерна поддршка. Дека љубовта меѓу нив цвета како и првиот ден сведочат и овие фотографии на кои може да се види дека сопружниците малку се опуштија во јавност.
Филип и Александра цело време разговарале, се смеле, уживале во добрата атмосфера, а во еден момент дури се бакнувале.
Парот кој е во брак од 2018 година и има син, не се разделиле до крајот на вечерта и останале во добро расположение.
Пејачката своевремено отворено зборуваше во медиумите за почетокот на врската со Филип Живојиновиќ
– „Не се сеќавам каде се запознавме, но знам дека не поврза судбината. Пред да почнеме да се забавуваме, со години се запознавме во различни места, попатно. Се видовме и на приватните забави на Брена и Боба на кои често пеев, иако сето тоа беше минливо, без официјален вовед“, изјави тогаш Александра.
Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/М.М