Тони Цетински зборуваше за изминатата година, за неговата кариера, а се осврна и на успехот на Александра Пријовиќ.
„Не беше секогаш сè совршено, но беше успешна година во бизнисот. Го привршуваме албумот… да има поубави настани, а помалку лоши. Повторно, дури и лошите моменти не траат засекогаш. Мора да научите нешто. Мора да го прегрнете секој крст и да продолжите понатаму“, изјавил пејачот.
View this post on Instagram
Популарниот пејач го коментираше и феноменот Александра Пријовиќ.
„Ние го коментираме повеќе од една година, затоа е феномен. Супер, нека си го искористи моментот, сега е нејзиниот момент. Таа многу ме потсетува на постара колешка од Србија“, рекол Тони Цетински, пишува „Телеграф“, но не сакал да открие која, па само додал:
„Тие што ја поставија работата, добро ја поставија. Можеме да побегнеме од себе со некои модерни ритми и продукции, но не можеме целосно да побегнеме. Тоа е таа мекост што луѓето очигледно ја сакаат и треба да се искористи и секоја чест за неа“.
Фото: Printskrin/Instagram/tonicetinski