За разлика од презентерките на временска прогноза низ светот кои се доста експонирани во јавноста и медиумите, кај нас случајот не е таков.
ТВ презентерката на временска на првиот канал на Македонската телевизија, Наташа Алексовска, е добро препознатливо телевизиско лице кое повеќе од една деценија го следиме со информациите за времето, но ретко ја има во медиумскиот простор со некој детаљ од приватноста.
Пред да започне со работа во националниот сервис, Наташа исто така ја презентираше временската прогноза, но во тогашната и денес пропадната А1 телевизија.
Наташа остана доследна на својата работа која очигледно е онаа што најмногу и годи и во која се пронаоѓа.
Таа е активен корисник на социјалните мрежи од каде може да се дознае нешто повеќе за нејзината приватност, а овој пат по повод роденденот на нејзината ќерка тинејерка, Наташа објави неколку фотографии
.
Луна е среќата на мама Наташа и тато Роберт која е веќе потпорасната девојка.
-Луна! Насмевска наша, ден зимски што срце ни грее, душа од небо поширока, љубов од камен поцврста, сафиру наш што ни го обои животот во среќа! Среќен роденден! Нежност… катинар на љубов наша! –пишува во описот на фотографиите
.
Дополнително за роденденот на Луна, Наташа покажа и како изгледа во празнично светло нејзиниот дом.
Каква што ја гледате на телевизија, Наташа така е и по дома, средена дама од глава до петици!